Трамп ја повикува Русија на прекин на трката во вооружување и ѝ нуди економска помош

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика во средата Русија на прекин на „трката во вооружување“ и понуди помош за јакнење на нејзината економија само еден час откако ја предупреди дека наскоро може да очекува ракетен напад врз Сирија, а Русија на понудата одговори дека прво треба да започне уништувњето на американското хемиско оружје.

„Нашите односи со Русија сега се полоши од кога и да е, а тоа вклучува и Студената војна. Немаме причината тоа. На Русија сме ѝ потребни да ѝ помогнеме на нејзината економија, што би било многу лесно да се стори, и потребно ни е сите нации да соработуваат. Да ја прекинеме трката во вооружувањето?“, напиша Трамп на Twitter.

Портпаролката на руското министерството за надворешни работи одговори на ова дека прво треба да се уништи американското хемиско оружје.

„Одлична идеја, да започнеме со американското хемиско оружје“, коментираше на Facebook, Марија Захарова.

Трамп само еден час порано ја критикуваше Москва поради нејзината поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад и се закани со напад со „паметни проектили“ врз цели во Сирија по наводниот ракетен напад во Дума.

Не е познато какви економски мерки Трамп има предвид, а Белата куќа засега нема коментари.