Трамп ја укинува програмата на Обама за заштита на младите имигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја укине програмата со којашто се дозволуваше младите имигранти илегално донесени во земјата како деца да останат во САД, пишуваат во понеделникот американските медиуми.

Судбината на прогрмата за заштита за младите имигранти позната по кратенката DACA е доведена во прашање во екот на спротиставните сигнали коишто ги испраќа актулениот американски претседател Доналд Трамп. Тој својата одлука за оваа програма ќе ја објави во вторник, а се очекува дека ќе изјави дека програмата се укинува, но со шестмесечно одложување, пишуваат Politico и CNN.

Трамп во кампњата се залагаше за цверст став за имиграцијата, но подоцна истакна дека би можел да им дозволи на младите имигранти, кои медимите ги нарекоа „сонувачи“, да останат во земјата.

Белата куќа ја преиспита програмата којашто со носење извршна одредба ја покрена поранешниот претседател Барак Обама во 2012 година. Со програмата се опфатени речиси 800.000 лица, коишто досега беа заштитени од депортација и им беше дозволено да работата или студираат. Доколку Трамп ја укине DACA, сите тие ќе мора да ги напуштат САД.