Трамп како претседател ќе ги укине здравствените мерки на Обама

обама

На предизборен митинг во предградие на Филаделфија, на кој многу се залага да ја освои демократски ориентираната држава Пенсилванија, Трамп зборуваше за здравствената реформа, воведена од претседателот Барак Обама.

Кандидатот за Белата куќа изјави дека реформата, што популарноста ја стекна како „Обамакер“, е катастрофа и треба многу брзо да се замени.

-Ако тоа не се случи засекогаш ќе ја уништиме американската здравствена заштита, рече тој.