Трамп ќе положи заклетва како претседател пред две Библии

библии

Церемонијата на заклетвата ќе биде водена од претседателот на Врховниот суд, Џон Роберт.

Во 2013 година, при полагањето на заклетва за вториот претседателски мандат, Барак Обама ја подигна десната рака, а левата ја постави врз две Библии – едната користена од Абрахам Линколн при стапувањето на должност во 1861 година, а втората што му припаѓала на Мартин Лутер Кинг, борецот за граѓански права во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век.