четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Трамп: Ќе помогнеме ЕУ да биде силна

Изјавата на Трамп е контрадикторна бидејќи во јануари тој порача дека и другите земји членки ќе ја напуштат ЕУ по примерот на Велика Британија.

tramp

Последни вести

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ја поздрави одлуката на Велика Британија да излезе од Европска унија, синоќа изјави дека сака ЕУ да остане силна.

-Силна Европа е многу, многу важна за мене како американски претседател, како и за САД. Ние го сакаме тоа и ќе и помогнеме на ЕУ да биде силна, а тоа е корисно за сите, посочи Трамп на прес-конференција во Белата куќа со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.

Изјавата на Трамп е контрадикторна бидејќи во јануари тој порача дека и другите земји членки ќе ја напуштат ЕУ по примерот на Велика Британија.

Кон крајот на мај Трамп планира првпат да ја посети Европа, а предвидено е да учествува на самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, а потоа на самитот на Г-7 на Таорима, сицилијански остров на 26 и 27 мај.

Најчитани вести