Трамп ќе се сретне со Лавров

(© AP Photo / Andrew Harnik)

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прими во среда во Белата куќа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при што ќе разговараат за ситуацијата во Сирија и многу други меѓународни прашања, соопштија во Вашингтон и во Москва.

Станува збор за состанок на највисоко ниво меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и владата на рускиот претседател Владимир Путин, откако првиот на 20 јануари ја презема должноста.

Американскиот функционер, кој сакал да остане анонимен, за Reuters рекол дека на дневен ред на споменатиот состанок во Белата куќа ќе биде состојбата во Сирија, како и американско-руските односи и други глобални прашања.

Агенцијата ТАСС, истовремено, во средата добила потврда од руското министерство за надворешни работи, дека шефот на дипломатијата ќе се сретне со американскиот челник.

Рускиот министер за надворешни рабори Сергеј Лавров допатува во Вашингтон, каде што последен пат престојуваше во 2013 година, во тридневна работна посета. Тој, исто така, во среда ќе се сретне со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Потоа Лавров ќе отпатува за Алјаска, каде што во четврток ќе учествува на состанокот на министрите од Арктичкиот совет, соопшти министерството за надворешни работи.

Тилерсон пред средбата изјави дека САД сакаат да ги стабилизираат американско-руските односи со решавање на помалку спорните прашања и изнаоѓање нови сфери за меѓусебна соработка. „Двете најголеми нуклеарни сили на светот не може да имаат ваков вид односи“, рече Тилерсон алудирајќи на ниското ниво односите меѓу Вашингтон и Москва.

Односите меѓу САД и Русија, кои последните три години се на најниското ниво од крајот на идеолошката Студена војна, дополнително се влошија по американското ракетирање на сирискиот воена аеродром како одговор на наводниот напад со хемиско оружје за кој Вашингот кој обвинува сирискиот претседател Башар ал-Асад, инаку руски сојузник, додека Москва не се согласува со ваквите заклучоци и ги смета за избрзани и незасновани врз докази, за што бара темелна меѓународна истрага.