Трамп ќе зема плата од 400.000 долари годишно

плата

„Независне новине“ пренесува дека контроверзниот милијардер на новата функција, имајќи ги предвид неговите „навики“, ќе заработува „мали пари“.

Весникот потсетува дека неговото богатство е проценето на околу 3,7 милијарди долари, но бидејќи одби јавно да ги објави документите за враќање на данок, во светот се води голема дебата за тоа колку всушност навистина „тежи“ Трамп.

Тој претходно изјави дека ако стане претседател, нема да земе „ниту еден долар“ од овој износ, но оставува да се види дали ќе го направи она што го направија Херберт Хувер и Џон Фицџералд Кенеди, кои претседателската плата ја донираа во хуманитарни цели.