среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Трамп и Клинтон победија на првичните избори во државата Њујорк

избори сад

Поврзани вести

Фаворитите Хилари Клинтон и Доналд Трамп победија на клучните првични избори во државата Њујорк за освојување на претседателската кандидатура на демократите, односно републиканците, пренесува МИА.

Милијардерот Трамп освои 59,8 отсто од гласовите на републиканците, а по него се пласираа гувернерот од Охајо Џон Кејсик со 25,2 проценти и ултраконзервативниот сенатор од Тексас Тед Круз со 15 проценти, покажуваат резултатите од пребројувањето на 84 проценти од гласовите.

Трамп освои најмалку 84 од вкупно 95 делегати од државата Њујорк на Националната републиканска конвенџија, која ќе го избере претседателскиот кандидат на републиканците за изборите на 8 ноември. Можно е Трамп да ги добие сите делегати од државата, доколку се зголеми неговата предност.

Тој досега има поддршка од 840 делегати од потребните 12,37 за освојување на претседателската номинација. На второ место е Тед Круз со 559 делегати.

Во кампот на демократите поранешната прва дама на САД и поранешен државен секретар и сенатор на државата Њујорк од 2001 до 2009 година, освои 60,8 отсто од гласовите, додека Барни Сандерс доби 39,2 проценти.

За да ја освои претседателската кандидатура на партиската Конвенција кон крајот на јули во Филаделфија, демократскиот претендент за Белата куќа треба да обезбеди поддршка од 2.383 делегати. Клинтон веќе има поддршка од 1.791 делегат, а Сандерс од 1.115. Државата Њујорк на партискиот конгрес испраќа 247 делегати.

– Трката за номинација е во финалната фаза и победата се гледа, изјави Клинтон во хотелот Менхетен, придружена од сопругот Бил Клинтон и нивната ќерка Челзи.

Најчитани вести