петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 2

Трамп: Можен е нов 11 септември

tramp-ako-germanija-ne-uspee-putin-kje-i-pomogne-na-grcija

Последни вести

Републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД, Доналд Трамп предупреди на можен напад сличен на оној од 11 септември 2001 година, кој, според него, ќе го предводат бегалци кои влегуваат во Америка со мобилни телефони, финансирани од Исламска држава, пишува денеска британскиот весник „Индипендент“.

Одговарајќи на прашање во една радио емисија дали на Американците им е потребен напад од големи размери на територијата на САД за да се освестат во врска со безбедноста на границите, Трамп истакна дека „ќе се случуваат многу лоши работи“.

– Ќе има напади за кои нема да верувате, кои ќе бидат извршени од луѓе кои доаѓаат во нашата земја. Бегалци влегуваат во САД, немаат пари, а имаат мобилни телефони. Кој ги плаќа нивните месечни сметки? Имаат телефони со знамиња на ИД, нагласи републиканскиот претседателски кандидат.

Сепак, Трамп не изнесе докази околу тврдењата за таквиот можен терористички напад во САД.

Најчитани вести