понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Трамп му го честитал успешниот референдум на Ердоган

Во неделата во Турција се одржа долго очекуваниот референдум за уставните реформи коишто овозможуваат преминување од парламентарен на претседателски систем на управување со оваа значајна членка на НАТО

turcija referendum livce

Поврзани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со својот турски колега по должност Реџеп Тајип Ердоган при што му ја честитал победата на референдумот за уставните реформи со коишто се прошируваат овластувањата на шефот на Турската Република, соопштиле од кабинетот на Ердоган.

„Трамп телефонски му честиташе на претседателот Ердоган за победата на поддржувачите на уставните реформи на референдумот во неделата“, објави агенцијата Anadolu на својот профил на Twitter, повикувајќи се на извори од кабинетот на турскиот претседател.

Во неделата во Турција се одржа долго очекуваниот референдум за уставните реформи коишто овозможуваат преминување од парламентарен на претседателски систем на управување со оваа значајна членка на НАТО. Се уште неофицијалните резултати покажуваат дека победиле поддржувачите на уставните реформи со 51,2 отсто.

Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, тоа ќе овозможи побрз развој на земјата и ќе осигури подобра безбедност за нејзините граѓани. Критичарите, пак, велат дека целта на уставните реформи е само зголемување на овластувањата во неговиот авторитарен стил на владеење, како и дека тесниот референдумски резултат укажува на големата поделеност во земјата.

Најчитани вести