Трамп му одговори на Коми: Тој е лажлив неранимајко

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападиа Џејмс Коми во петокот објавувајќи на Twitter дека поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI) е „докажан ЦИНКАРОШ И ЛАЖГО“ и дека би „требало да оди пред суд“ за да одговара за одавање тајни.

Коментарот на американскиот претседател е реакција на објавувањето фрагменти од новата книга на Џејмс Коми која треба да се појави во книжарниците во вторникот, а во неа поранешниот прв човек на федералната полиција го опишува претседателот Доналд Трао како „роден лажги и неморален челник“.

„Буквално сите во Вашингтон сметаа дека тој треба да биде отпуштен поради ужасната работа којашто ја одработи – и на крајот е отпуштен. Он ја пушти во јавноста информацијата ПОД ОЗНАКА НА ТАЈНОСТ и поради тоа треба судски да одговара. ПОД ЗАКЛЕТВА го лажеше Конгресот“, напиша Трамп.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година поради низа забелешки,м меѓу кои и обвинувањето за пристрасност во истрагата за неговата изборна кампања за разлика од истрагата за злоупотребата на приватните сервери за официјалната преписка на неговата конкурентка на изборите во 2016-та, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Тоа доведе до отворање на посебна истрага на министерството за правда за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД и договор со кампањата на Трамп.

„Тој е слабак и лажлив неранимајко и беше, како што покажа и времето покажа, ужасен директор на FBI. Начинот на кој го водеше случајот на Хилари Клинтон и настаните поврзани со тоа, ќе се паметат како еден од најлошите ‘фушераи“ во историјата. Ми претставуваше голема чест што го отпуштив Џејмс Коми“, продолжи Трамп во друг твит во петокот.

Коми изнесува поразителна слика на претседателот за кој вели дека е некој кој „не е наклонет на вистината“. Трамп ги „движи егото“ и „бара лична лојалност“, пишува сменетиот шеф на FBI.

Книгата со наслов „Повисока лојалност: Вистина, лаги и водство“ треба да се појави во вторникот. Таа претставува опсежен увид во низата состаноци на Коми со Трамп откако минатата година сведочеше во Конгресот.

Меѓу повеќето работи , Коми пишува и дека Трамп го искористил законот со него за да ги негира непотврдените наводи дека користел услуги на проститутки во текот на неговиот престој во Москва во 2013 година.

Обвинувањето, вклучително и тоа дека руските служби го снимиле дружењето на Трамп со проститутки, ги изнесе поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил, но тие никогаш не беа потврдени. Книгата на Коми, дека Трамп го расправал за тие обвинувања.

Според поранешниот шеф на FBI, претседателот на САД „силно ги негираше обвинувањата, прашувајќи, реторички претпоставувам, дали изгледа како маж кому му се потребни проститутки“.

Наводно Трамп потоа неколку месеци работел на тоа да ја здобие лојалноста на Коми. Кога првпат, а тоа се случило на вечера во Белата куќа, побарал да му биде верен, Коми одговорил со молчење, тврди во својата книга.