Трамп му порача на Тилерсон дека губи време чекајќи преговори со Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата преку Twitter објави дека на државниот секретар Рекс Тилерсон му порачал дека губи време обидувајќи се да преговара со севернокорејскиот челник Ко Џонг-ун.

„Му порачав на Рекс Тилерсон, нашиот прекрасен државен секретар, дека губи време обидувајќи се да преговара со Литл Рокер Мен“, напиш Трамп, користејќи го својот саркастичен прекар за Ком Џонг-ун.

Оваа објава доаѓа ден откако Тилерсон откри дека САД директно комуницираат со Северна Кореја за нејзините нуклеарни и балистички програми, но дека Пјонгјанг не покажува интерес за дијалог.

„Чувај ја својата енергија Рекс, ќе го сториме тоа што е потребно!“, додава американскиот претседател.

САД имаат „канали за комуникации“ со Северна Кореја и „испитуваат“ дали постои волја кај режимот на Ким Џонг-ин да преговара за својата нуклеарна и ракетна програма, изјави Тилерсон во саботата во кинеската престолнина Пекинг.

„Поставуваме прашања. Имаме канали за комуникации со Пјонгјанг, не сме… сосема во темнина, имаме отворени два или три канала со Пјонгјанг. Можеме со нив да разговараме и разговараме. Ја испитуваме (волјата на режимот), значи бидете внимателни“, рече Тилерсон пред новинарите.