Трамп му се јави на Путин, прв разговор на двајцата претседатели

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски го побара рускиот претседател Владимир Путин што претставува нивни прв официјален контакт, пренесуваат американските медиуми.

„По разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел, којшто траеше околу 45 минути, претседателот на САД сега разговара телефонски со тројцата од петмина лидери, претседателот на Русија, Путин“, напиша на Твитер портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Најавено е дека американскиот претседател ќе разговара и со францускиот колега Франсоа Оланд, како и со премиерот на Австралија, Малколм Турнбул.

Високата советничка во Белата куќа, Келиен Конвеј изјави претходно дека Трамп и Путин веројатно ќе разговараат за голем број на теми, вклучувајќи ги американските санкции против Москва и заедничките напори во борбата против тероризмот.

„Претпоставувам дека ќе разговараат во интерес на своите земји, за тоа како да се здружат и работат заедно на прашања околу кои може да се најдат заеднички основи и за тоа каде овие две нации би можеле да го поразат радикалниот исламисички терориризам“, одговорила советничката на Трамп.

Од Кремељ информираат дека Путин има намера на Трамп да му го честита стапувањето на должност на американскиот претседател и со него ќе размени ставови за актуелната состојба на билатералните односи.