Трамп му се закани на Иран со „големи проблеми“

Американскиот претседател ги предупреди во вторникот Иран да не продолжува со заканите за повторното активирање на својата нуклеарната програма доколку САД ги остварат своите најави за повлекување од договорот од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили, во моментот кога Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се борат да пронајдат добра основа за зачувување на иранскиот нуклеарен договор со кој се ограничи нуклеарната програма на оваа блискоисточна земја а за возврат ѝ беа укинати децениските меѓународни економски санкции.

Во текот на состанокот со Макрон во Белата куќа, Трамп потсмешливо и со презир зборуваше за нуклеарниот договор кој го преговараше неговиот претходник Барак Обама, чија цел е да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.

Иранските власти од пред неколку дена, како и во вторникот, соопштија дека повторно ќе ја активираат нуклеарната програма доколку договорот пропадне, а висок ирански функционер рече дека Техеран, доколку Трамо го отфрли договорот, би можел да излезе од договорот. Другите потписнички на договорот: Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија се залагаат за зачувување на виенскиот нуклеарен договор.

„Доколку повторно ја заживеат нуклеарната програма, ќе имаа повеќе проблеми отколку што ги имаа кога и да е претходно. Слободно тоа нагласете го: ја заживеат и нуклеарната програма, имаа уште поголеми проблеми од порано“, се закани Трамп.

Спогодбата ја опиша како „ужасен договор кој беше целосно безумен“, бидејќи не содржи одредби за балистичките ракети, ниту за иранските активности во судирите во областите како Сирија и Јемен.

Официјален Техеран постојано истакнуваше дека нема намера да произведе нуклеарно оружје и оти збогатувањето на ураниум и големиот број постројки се во медицински и научни цели. Францускиот претседател Макрон во Вашингтон допатува надевајќи се дека ќе го убеди Трамп САД да останат во иранскиот нуклеарен договор. На американскиот колега притоа му кажал дека договорот е дела од „пошироката слика“ на безбедноста во регионот на Блискиот исток.

„Кога станува збор за Иран мораме да ги ставиме работите во регионалниот контекст. Имаме ситуација во Сирија којашто ја доведува во прашање безбедноста во целиот регион и сметам дека имаме иста цел, а тоа е да се избегне ескалација и ширење на нуклеарното оружје во регионот. Прашањето всушност кој е најдобриот пат“, рече Макрон.

Верува дека двете земји требало да започнат да работат на нов договор кој би ја отстранил загриженоста на САД, односно би ја блокирал секоја нуклеарна активност на Иран до 2025 година, би ја завршил својата балистичка програма и даде политички решение за да се заузди активноста на Иран во регионот. „Тоа е единствениот пат кон стабилноста“, истакна Макрон.

Францускиот претседател повика Франција и САД да соработуваат кога станува збор за исламистичките милитанти, Северна Кореја и Иран, како и на прашањето за слободна и чесна трговија, како и за климатските промени.

Макрон го спомена и минатогодишното повлекување на Трамп од Парискиот климатски договор, признавајќи дека „не се согласуваме секогаш во поглед на решението“, но истакна дека „судбината на нашите потомци којашто е во прашање“.

Двајцата челници изразија задоволство од силината на пријателството меѓу двете земји. При пристигнувањето на Макрон и неговата сопруга Брижит во вторникот во Белата куќа во официјална државна посета на САД, беа поздравени од Трамп и неговата сопруга Меланија. Тие се домаќини на првата државна посета откако пред 15 месеци Доналд Трамп ја презеде претседателската должност.

Двајцата претседатели се ракуваа и разменија бакнежи и заедно со сопругите го ислушаа националните химни. Трамп рече дека посетата на Макрон е „потврда на трајното пријателство коишто ги врзува двете држави“,

„Навистина е во ред што ја одржуваме првата државна посета со лидерот на најстарио0т американски сојузник, гордата држава Франција“, рече Трамп.

Макрон од своја страна рече дека посетата претставува „сведоштво на силата“ на односите меѓу Париз и Вашингтон, а Трамп на францускиот претседател му изрази благодарноста за учеството во неодамнешниот ракетен напад врз Сирија.