Трамп му вети на Бахреин дека „нема да има притисоци“, се надева на скорешна посета на Египет

Американскиот претседател Доналд Трамп (д) и неговиот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси на средбата во саудиската престолнина Ријад, 21 мај 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп на вториот ден од посетата на Саудиска Арабија ги започна билатералните средби со бахреинскиот крал Хамад бин Иса ал-Калиф и со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Трамп на бахреинскиот крал му изјавил дека „претставувала голема чест да биде со него“ и дека „имало мали тензии, но сега со оваа администрација нема да има напнатост“.

Бахреинскиот монарх, пак, рекол дека двете земји имаат односи 120 години „засновани на многу добра основа на меѓусебно разбирање и стратегија“.,

Во земјата во којашто е стационирана Петтата флота на американската воена морнарица, избувнаа протести против владејачкиот монарх, но движењето инспирирано од ткн Арапска пролет којашто ги зафати арапските муслимански земји, беше задушено во 2011 година. Поранешниот американски претседател Барак Обама ја критикуваше тогаш репресијата над прореформските демонстранти кои бараа смена на власта, како што тоа беше стоено во Либија, Тунис, Египет и се направи обид во Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека се надева оти наскоро ќе го посети Каиро и го пофали египетскиот колега по должноста Абдел Фатах ал-Сиси по состанокот во Ријад и изјави дека му изгледа оти „безбедноста е многу силна“ во Египет.

Зборувајќи преку својот преведувач, ал-Сиси го опишал Трамп како „уникатна личност која е способна да го стори невозможното“.

Египет е еден од најблиските сојузници на САД на Блискиот исток, и годишно добива американска воена помош во износ од 1,3 милијади долари.