Трамп најави објавување на сите документи за Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во дека ќе ги објави сите документи кои се однесуваат на атентатот на претседателот Џон Фицџералд Кенеди, освен оние со имињата и адресите на луѓе коишто сѐ уште се живи.

„По прецизните консултации со генералот Кели, CIA и другите агенции, ќе ги објавиме сите документи во врска со ЏФК, освен оние во кои се споменуваат личности кои се уште живи. Ќе го сториме тоа поради целосното откривање, транспарентноста, и за да се отфрлат сите теории за забошотувањето“, најави американскиот претседател Доналд Трамп во пораката на Twitter алудирајќи на својот шеф на кабинет Џон Кели.

Американската влада во петокот објави 2,891 класифициран документ за убиството на претседателот Џон Кенеди во ноември 1963 година во Далас, но 300 сепак останаа недостапни за јавноста. Претседателот Трамп вети „најголема можна транспарентност“ во врска со еден од најклучните настани од американската историја.

Претседателот Кенеди е убиен на 22-ри ноември 1963 година, додека се возел низ Далас во отворена лимузина. Во извештајот на ткн. Воренова комисија, објавен во септември 1964 година, се заклучува дека Ли Харви Освлад ги истрелал смртоносните истрели од складиште на библиотека и оти дејствувал сам. Нема докази дека „Освалд или Џек Руби биле учесници во заговор, било од домашен било странски“, оценила комисијата. Станува збор за Руби, близок на мафијата, кој го застрелал по два дена Освалд во полициската станица два дена подоцна, што е објаснето со неговата „трогнатост“ од убиството на Кенеди.

Законот кој во 1992 година го донесе американскиот Конгрес предвидува сите документи поврзани со атентатот, околу пет милиони страници, во целост да се објават во рок од 25 години. Тој рок истекуваше во четвртокот, а повеќе од 90 отсто од материјалот веќе ѝ беше достапен на јавноста.

Во меморандумот до шефовите на државните агенции, Трамп во петокот им порача дека Американците очекуваат и заслужуваат владата да им „осигури што е моќно поширок пристап до документацијата за конечни да може целосно да бидат информирани за сите аспекти на овој клучен момент“. Иако според него наложил „конечно превезот да се крене“, поедини дрќавни органи го предупредиле „дека одреден информации треба и натаму да бидат недостапни за јавноста поради националната безбедност, заштитата на правниот поредок и дилемите врзани со надворешната политика“.

Документите за убиството на Џон Кенеди се достапни на интернет страницата на Националниот архив на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.