Трамп најави воведување 25-процентен данок на европските автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Европската унија дека „го прави речиси невозможно“ американското тргување со неа, сигнализирајќи дека воведувањето на царини за европските автомобили можеби би можело да ја промени таквата ситуација.

„Европската унија беше особено тврда кон САД. Тоа го прави речиси невозможно нашето работење нив, а тие сепак и натаму ги испраќаат своите автомобили назад во САД. Ако им воведеме данок од 25 отсто, верувајте ми, тоа нема долго да трае“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во текот на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Стефан Лофвен во Белата куќа.

Запрашан за известувањата дека Европската унија го испратила во САД за да го предупреди Трамп да се откаже од планот за воведување царини на челикот и алуминиумот, Лофен изјави дека го цени Трамп поради водењето политики коишто ѝ носат полза на неговата земја.

„Како членка на Европската унија, мислам дека е важно да се направи обид за да се изнајде патот за соработка“, додаде премиерот на Шведска.

Овие коментари дојдоа откако европските производители на автомобили предупредија на наводен план на американскиот претседател да воведе царина на увозот на автомобили.

„Европските производители не само што извезуваат автомобили во САД… тие таму имаат големи производствени капацитети, овозможувајќи вработување на локалното население и остварувајќи даночни приходи. Навистина, некои европски производители ги немаат своие најголеми фабрики во ЕУ, туку во САД“, изјави Ерик Јинеар од Здружението на европските производители на автомобили (АСЕА).

Трамп во петокот го објави планот за воведување царини на увозот на челик и алуминиум, а сега следеше навесувањето дека САД би можеле да наметнат царини за автомобилите произведени во ЕУ.

„Меѓународната трговија е силен столб на конкурентноста на европската автомобилска индустрија“, додаде Јинеар истакнувајќи дека АСЕА го поддржува слободното и чесно тргување.

Трговијата со автомобили меѓу ЕУ и САД претставува околу 10 отсто од вкупната трговија на двата региона, објави АСЕА. Според податоците на здружението, САД се најголемата дестинација за увоз на европски автомобили и истовремено трет според обемот извозник на автомобили во ЕУ според вредноста остварена минатата 2017 година, претставувајќи 15 отсто од вкупниот увоз во ЕУ.

Европската комисија најави дека во средата ќе ги разгледува противмерките на одлуката на американскиот претседател да воведе царина за челикот и алуминиумот. Според порартпаролт на ЕК, „одговорот на Европа ќе биде брз, цврст и сразмерен“.

Трамп претходно најави дека ќе воведе намет од 25 отсто за челикот и 10 отсто за алуминиумот при увоз во САД, поради што американските трговски партнери веднаш реагираа и започнаа да размислуваат за преземање противмерки.

Портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас во понеделникот изјави дека овој предмет „ќе биде на дневниот ред во среда, кога комесарите ќе ја разгледуваат реакцијата на ЕУ којашто ќе биде цврста, брза и сразмерна“. „Доколку мерките коишто ги најави американскиот претседател бидат применети така што ќе влијаат врз европските интереси, ќе реагираме на решителен и соодветен начин, но строго во согласност со СТО“ (Светската трговска организација), додаде Шинас.

Истакна дека привимерките се потребни за да се бранат европските интереси, но целта „не е ексалација“.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во петокот изјави дека одлуката на Трамп е „вредна за жалење“ и најави противмерки. „Сега ќе воведеме царини на мотоциклите, на харли-дејвисон, на фармерките, на лејвис, на бурбонот“, рече Јункер додавајќи дека тоа е „глупаво“ но потребно однесување.