петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Трамп најавува безбедносни зони во Сирија, Русија не е консултирана

Американскиот претседател Доналд Трамп најави формирање безбедносни зони за бегалци во Сирија, но за тоа не се консултирал со Русија.

сирија

Поврзани вести

Во интервју за Еј-Би-Си Њуз тој рече дека сигурно ќе се формираат безбедносни зони во Сирија оценувајќи дека Европа направила голема грешка што дозволила милиони луѓе да заминат за Германија и други држави.

Неговата администрација за тоа не се консултирала со Русија, изјави Дмитриј Песков, портпарол  на Крамљ.

Не, нашите американски партнери не не консултираа. Тоа е нивна одлука, изјави Песков. Тој укажа дека е важно тој план да не ја влоши ситуацијата со бегалците, но сите последици од планот треба да се анализираат.

Најчитани вести