Трамп најавува дека бајкерите ќе го бојкотираат „Harley-Davidson“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во неделата дека многи американски мотоциклисти имаа намера да објават бојкот на компанијата „Harley-Davidson“ бидејќи таа планира голем дел од своето производство да пресели надвор од САД,

„Многу сопственици на Harley-Davidson планираат да прогласат бојкот на компанијата, доколу таа го преселе своето производство надвор од границите. Прекрасно! Па постојат многу други компании кои доаѓаат кај нас, вклучително и конкуренти на Harley. Навистина ужасен потег! Наскоро во САД ќе имаат еднакви шанси за успех или подобрување“, напиша Трамп на својот микроблог на мрежата Twitter.

Производителот на култните мотоцикли кон крајот на јуни најави дека предвидува во Европа да пресели дел од своито производство наменет за овој пазар. Одлуката е донесена за да се избегне европското зголемување на царините од 6 на 31 отсто, за моторите на „Harley-Davidson“, откако американската администрација воведе нови царински давачки за увозот на челик и алуминиум од ЕУ кои се извезуваат во САД.

Откако започна војната со царините, раководството на „Harley-Davidson“ започна со размислувањата за опциите за испораки на мотоциклите произведен на Тајланд, не само во земјите од Асоцијацијата на југоисточни азиски земји (АСЕАН) каде што постои договор за увозните давачки произведени во регионот, туку и во Кина, како што првично се планираше, но и во Европа.

Трамп одговори со заканите дека доколку компанијата започне со испораки во САД на мотоциклите произведени надвор од американските граници, тие ќе станат предмет на високи увозни давачки, како производи на странски компании со што би станале неконкурентни на американскиот пазар.

Во текот на преентацијата на кварталните резултати, од „Harley-Davidson“ наведоа дека нивната продажба во САД не е зафатена од последиците на царинската војна.