Трамп не исклучува удар врз Северна Кореја, Путин и Кси договараат заеднички дејствија

© AFP 2017 / Nicholas Kamm

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја отфрли можноста за напад врз Северна Кореја по последниот нуклеарен тест Пјонгјанг, а ситуација ја разгледале и рускиот и кинескиот челник Владимир Путин и Кси Џинпинг кои истакнуваат дека не смее Корејскиот полуостров да се внесе во хаос.

„Ќе видиме“, одговори американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали САД планираат да ја нападне Северна Кореја, објави службата за односи со јавноста на Белата куќа.

Трамп, исто така, на Twitter напиша во неделата дека Вашингтон ја разгледува можноста за целосно прекинување на трговската соработка со земјите коишто „водат бизниси“ со Северна Кореја.

Претходно американскиот претседател ги опиша активностите на Пјонгјанг како непријателски и опасни за САД. „Северна Кореја изведе голем нуклеарен тест. Нивните изјави и акции остануваат непријателски и опасни за САД“, напиша Трамп на социјалната мрежа.

Трамп, исто така, ја нарече Северна Кореја „непредвидлива земја којашто стана голеа закана и товар за Кина“. Притоа изразува увереност дека Јужна Кореја е свесна за неефикасноста на политиката на помирување со северниот сосед што ја промовира новиот јужнокорејски претседател Мун Јае-ин.

Во неделата Северна Кореја објави дека по наредба на челникот Ким Џонг-ун успешно тестирала водородна боева глава со цел да ги опреми интерконтиненталните балистички ракети. Агенцијата Reuters повикувајќи се на извор од американското разузнавање, дека станува збор за „усовршена нуклеарна“ глава.

Кон средината на август Пјонгјанг се закани дека ќе лансира балистички ракети во близина на американската пацифичка територија Гуам, каде што има американска воздухопловна и воена поморска база. Американскиот претседател Трамп тогаш одговори дека доколку Северна Кореја „стори што и да е во врска со Гуам, ќе се соочи со такво нешто што уште никој никогаш не го видел“.

Истовремено во неделата рускиот претседател Владимир Путин кој престојува во Кина на самитот на земјите членки на организацијата БРИКС, заедно со својот кинески колега по должност Кси Џинпинг разговарале за новата ситуација по нуклеарното тестирање, истакнувајќи ја важноста да се избегне хаосот на Корејскиот полуостров и неприфатливоста на нуклеаризацијата на регионот, при што двајцата челници се договориле да ги координираат активностите на нивните земји по овие прашања.

„Се разбира, се водеа разговори на темата Северна Кореја, ситуацијата на Корејскиот полуостров во заднината на денешното тестирање на севернокорејската хидрогенска бомба. И Путин и Кси изразија длабока загриженоста во врска со оваа ситуација, тие ја истакнаа важноста да не се дозволи хаос на Корејскиот полуостров, важноста од воздржаност на сите страни и фокусирање на изнаоѓање решенија само преку политички и дипломатски средства“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери зборувале за „исклучителната неприфатливост“ на Корејскиот полуостров и за неговата денуклеаризација и намерата да ги координираат своите активности на меѓународната сцена ,меѓу Русија и Кина, вклучително и за прашањата на Корејскиот полуостров, додаде портпаролот на рускиот претседател.