Трамп: Не ми треба теретана, кога ќе ја шутнам топката далеку лета

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека нему, и покрај советите на лекарите, не му е потребна теретана и дека „вежба повеќе отколку што луѓето мислат“, одејќи по комплексот на Белата куќа и играјќи голф.

„Вежбам. Мислам, одам, правам ова она, трчам од зграда до зграда…“, рекол американскиот претседател Доналд Трамп за агенцијата Reuters, ден откако воениот лекар на Белата куќа, Рони Џеконсон, изјави дека претседателот генерално е во одлична здравствена состојба, но дека мора да ослаби, да ја поодбри исхраната и почесто да има физички активности.

„Многумина одат во теретана, вежбаат таму и по два часа… Гледав јас такви луѓе… а тогаш, кога ќе наполнат 55 години, им требаат нови колена, нови колкови, па подоцна мора да водат сметка за тоа. Јас немам такви проблеми“, вели Трамп во интервјуто за Reuters кој го дал во Овалната соба на Белата куќа.

Но, вели дека е подготвен да го промени начинот на исхрана, со воведување помали порции храна и помалку масни оброци.

За разлика од своите претходници Барак Обама и Џорџ В Буш кои секојдневно вежбаа, Трамп нема таква навика. Тврди дека вежба играјќи голф, иако по теренот се вози во голф-возило. Објаснува дека одењето подолго би го задржало на теренот, а тој „не сака да губи време“.

„Повеќето тука присутни би можеле да изгубат некој килограм“, рекол одмерувајќи ги претходно новинарите на Reuters и проценувајќи дека „прилично добро изгледаат“.

Вели дека претходно повеќепати бил на успешни диети, но дека е физички силен, како пример наведувајќи дека „кога ќе ја шутне топката, таа далеку одлетува“.