вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Трамп: Доколку победи Клинтон, нема да гледам позитивно на изборите

Tamp

Поврзани вести

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека доколку победи неговиот противкандидат Хилари Клинтон, нема позитивно да гледа на изборите.

– Ако не победам, ќе го сфатам тоа како огромно губење на време, енергија и пари, истакна Трамп во телефонски разговор за американската телевизија „Фокс енд френдс“.

Тој ја нарече претседателската кампања „неверојатен процес, кој му ги открил неостварените тежнења на американскиот народ“.

Трамп додаде дека очекува победа во голем број држави, но не знае што ќе се случи на крајот, нагласувајќи дека во кампањата вложил над 100 милиони долари лични финансиски средства.

Најчитани вести