Трамп нема да може да блокира на Твитер, одлучи судот

Судот во Њујорк одлучи дека претседателот на САД, Доналд Трамп нема да може да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер, бидејќи тоа би значело дека им го загрозува правото на слободен говор, пропишано со Првиот амандман на Уставот на САД.

Одлуката следи како одговор на тужбата што лани против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија. Институтот образложи дека претседателот блокирал луѓе кои го критикувале, исмејувале и не се согласувале со неговите ставови, што значело кршење на Уставот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.