Трамп: Нема хаос во Белата куќа

© AP Photo / Alex Brandon

Доналд Трамп ги отфрли денес тврдењата дека во Белата куќа владее хаос. Медиумите во САД нашироко деновиве пишуваа за ривалствата во американската администрација и неуспехот на здравствената реформа на Трамп. Оваа реформа беше едно од најголемите ветувања на Трамп за време на изборната кампања.

“Рекорд на берзата, најдобри економски статистики во последните години, невработеноста на најниско ниво во последните 17 години, границата безбедна, Врховен суд: нема хаос во Белата куќа”, твитна Трамп.

Денес положи заклетва новиот генерален секретар на Белата куќа генералот Џон Кели. Трамп тврди дека тој ќе “работи спектакуларно” на новата функција.

Според Трамп, тоа што Кели го направил како министер за внатрешна безбедност “ги надмина сите рекорди”.

Кели беше именуван на местото на Рејнс Прибус кој поднесе оставка.

Одлуката за именување на Кели дојде неколку часа откако новиот директор за комуникација на Белата куќа Антони Скарамучи испрати

вулгарните изјави на сметка на Прибус и на други членови на администрацијата.

Освен тоа, минатата недела администрацијата на Трамп доживеа голем неуспех откако Сенатот ја одби реформата на здравствениот систем кој е приоритет на Трамп.

Целата низа на овие настани доведе до заклучок дека во Белата куќа владее хаос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.