Трамп оцени дека „мисијата е извршена“ и „совршено изведен“ напад врз Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter ја пофали мисијата на воздушни удари на САД, Велика Британија и Франција врз цели во Сирија во саботата пишувајќи дека „мисијата е завршена“ и оценувајќи дека е „совршено изведена“.

„Совршено изведен напад минатата ноќ. Благодарност за Франција и Велика Британија за мудроста на нивните извонредни воени сили. Резултатот не можеше да биде подобар. Мисијата завршена“, напиша Трамп.

„Толку сум горд на нашата голема армија којашто наскоро (благодарејќи) си милијардите долари (дополнителни пари од буџетот деблокиран под администрацијата на Трамп) ќе стане најдобрата која нашата земја некогаш ја имала“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп.

Цели на сојузничките напади биле три локации кои се поврзуваат со наводната програма за хемиско оружје на сирискиот претседател Башар ал-Асад, иако Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) по инспекциите на меѓународните тимови уште во втората половина на 2016 година објави дека хемискиот арсенал на сириската армија е целосно изнесен од земјата и оти постројките за негово произведување се нефункционални.

Целите се наоѓале според Вашингтон во близина на главниот град Дамас и во централниот дел на земјата. Нападот дојде како одговор за наводниот хемиски напад од 7-ми април во градот Дума, последното упориште на исламистичката група Џаиш ал-Ислам во близина на градот, кога во него веќе продреа сириските владини сили. Иако, меѓународната истрага за овој наводен напад уште не ниту почната, Западот ја обвини владата на Асад.

Во сирискиот Генералштаб прецизираа дека западните сили истрелале околу 110 крстосувачки ракети и авионски проектили „воздух-земја“ од кои сириската противвоздушна одбрана соборила најмалку 71 проектил. Дамаск објави дека во нападите врз цивилна и воени инфраструктура настрадале три лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.