Трамп од Кси ќе бара посилен притисок врз Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп следниот месец во текот на својата посета на Кина, од претседатекот Кси Џинпинг ќе побара да биде доследен „на своите обврски“ околу притисокот врз Северна Кореја, објави во вторникот функционер на Белата куќа.

Натамошната изолација на Северна Кореја поради нејзините нуклеарни и тестирањата на балистичките ракети, е клучната цел на американскиот претседател Доналд Трамп на споменатото патување во странство коешто ќе биде најдолгото во неговиот досегашен мандат.

Трамп својот кинески колега по должност Кси Џинпинг ќе го повика во целост да ја имплементрира резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации против Северна Кореја, како и да преземе и други чекори за создавање притисок врз Северна Кореја.

Пекинг објави дека цврсто ќе се придржува до санкциите на Советот со коишто се забранува увоз на јаглен, текстил и морски прехранбени производи, како и извоз на нафта и деривати во Северна Кореја, и исплаќање на севернокорејските работници во странство.

 

Кина е гневна на Пјонгјанг, но луте и на Вашингтон и Сеул

Меѓутоа, неименуван функционер на Белата куќа пред посетата на Трамп на Кина на новинарите им ги претстави неговите главни точки и нагласи дека Кина мора да стори повеќе за да се придржува до резолуциите на ОН кои се усвоени едногласно, со поддршка и на Пекинг.

Иако Кина е гневна поради честите нуклеарни и ракетни тестови на Северна Кореја, и побара да престане нивното спроведување, Пекинг смета дека за растот на тензиите се виновни и САД и Јужна Кореја кои во регионот одржуваат чести и заеднички вовени вежби, а уште една таква токму започна во вторникот.

Специјалниот кинески претставник за нуклеарните прашања на Северна Кореја, Конг Ксунју, во понеделникот се сретна со американскиот колега Џозеф Јун, објави кинеското министерство за надворешни работи. Двајцата дипломати имале „опсежна размена на ставовите околу прашањето на Корејскиот полуостров“, соопшти министерството без натамошни појаснувања.

Трамп, кој се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореја, често од Кина бара да влијае врз севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун. Меѓутоа, неговата стратегија засега не успеа да го запре Пјонгјанг во спроведувањето на тестирањата на нулеарните бомби и интерконтиненталните балистички проектили кои може да понесат нуклеарна боева глава и да дистигнат цели на американската територија, кои во неколку нарати досега беа лансирани преку Јапонија во Тихиот Океан.

 

Критична закана

Прашањето на Северна Кореја нарасна на „критично и неминовно ниво“, а САД, Јапонија и Јужна Кореја мора да се соочат со овој проблем, порача јапонскиот министер за одбрана Итцинури Онодера на разговорите во понеделникот со својот американски и корејски колега. Неговата изјава ја покажува длабоката загриженост на Токио од вооружувањето на Северна Кореја.

Функционер на Белата куќа, кој за Reuters зборувал под услов да остане анонимен, истакнал дека Трамп ќе бара мирно решевање на судирот на Корејскиот полуостров. Запрашан за понудата на поранешниот американски претседател Џими Картер да дејствува како американски пратеник во Северна Кореја, функционерот рекол дека „ништо не е испланирано“.

Премиерот на Сингапур, Ли Хсиен Лунг во понеделникот на американскиот челник му открил што неговата земја прави за да создаде притисок врз Северна Кореја околу нејзината нуклеарна програма, но го советувал тој спорот да го разреши преку дијалог.

„Не постои брзо и едноставно решение. Притисокот е потребен, но и дијалогот. САД ќе мора да соработуваат со другите, вклучително и со Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Русија, за да го решат овој проблем“, смета челникот на Сингапур.

Откако Кси Џинпинг на конгресот на Комунистичката партија кој започна минатата седмица ја консолидираше својат амоќ, Трамп верува дека кинескиот челник ќе има поголем авторитет да презема чекори против Северна Кореја, сметаат претставници на американската администрација.

Патувањето на Трамп на истокот од Азија ќе трае од 3-ти до 14-ти ноември, а во текот на турнејата ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини. Во разговорите со Кси ќе биде остар и по прашањето на трговијата, во настојувањата да го намали американскиот трговски дефицит со Кина, открива функционерот на Белата куќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.