Трамп ќе ги прифати изборните резултатите само ако победи

Републиканскиот кандидат за Белата куќа Доналд Трамп денеска изјавидека ќе го прифати резултатот од претседателските избори, ако ги освои, или ако резултатот е јасен, но го задржува правото да ги оспорува.

„Сакам да ветам и им ветувам на сите мои гласачи и поддржувачи, и на сите луѓе во САД дека целосно ќе ги прифатам резултатите од овие големи и историски претседателски избори“, изјави Доналд Трамп на митингот во Охајо, направи пауза и додаде: ако победам.

Минути подоцна тој продолжи: Ќе прифатам јасен резултат од изборите, но го задржувам правото да ги оспорувам и да активирам судска постапка, ако резултатот е сомнителен, пренесе БТА.

Во синоќешната дебата со противничката Хилари Клинтон, Трамп одби да одговори дали ќе прифати евентуалнен пораз од неа.

„Ќе ви кажам кога ќе дојде времето. Ќе ве држам во неизвесност“, рече тој.

Клинтон веднаш ја осуди неговата позиција со зборовите: Тоа е ужасно, потсетува ДПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.