Трамп одби да го објави меморандумот за „руската истрага“ на демократите

Американскиот претседател Доналд Трамп одби во петокот да го објави доверливиот документ кој го подготвиле пратениците на Демократската партија кој ги отфрла обвинувањата за злоупотреба на овластувањата од страна на Федералното биро за истраги (FBI) и министерството за правда во ткн „руска истрага“, изразувајќи „загриженоста за националната безбедност“.

Меморандумот на демократите до 5-ти февруари „содржи бројни доверливи и особено чувствителни делови“ и во моментов не може да се објава, истакна Доналд Мекган, правосуден советник на Белата куќа , појаснувајќи ја одлуката на претседателот Доналд Трамп во писмото упатено на челникот на Комитетот за разузнавачки агенции на Претставничкиот дом, демократот Девин Нунес.

Мекган појаснува дека врз основа на препораките од Министерството за правда, коешто е запознаено со меморандумот, претседателот Трамп верува дека објавувањето на неговата содржина „може да предизвика суштествена загриженост за националната безбедност и работата на органите за спроведување на законот“.

„Со оглед на заинтересираноста на јавноста за транспарентноста во овие необични околности, претседателот им препорача на службениците на Министерството за правда да обезбедат техничка помош на членовите на Комитетот (за разузнавање при Претставничкиот дом), доколку тие побараа да се ревидира меморандумот од 5-ти февруари за нивелирање на идентификуваните ризици определени од министерството“, се вели во дописот на адвокатот на Белата куќа.

„Претседателот го повикува Комитетот да го стори тоа“, се наведува во дописот. Во него, исто така, се истакнува дека администрацијата е подготвена да разгледа нова верзија од меморандумот за нејзино можно објавување.

Одлуката на Трамп предизвика голем гнев кај демократите. Челникот на партијата во Сенатот, Чарлс Шамер изјави дека „Милиони Американци си поставуваат едно единствено прашање: Шот тој се обидува да сокрие?“

Демократите побараа тој документ да биде објавен во рамките на сличниот потег на републиканците чиј доверлив документ беше објавен минатата седмица. Тогаш беше декласицифиран документот кој го составиле републиканците во Конгресот, во кој е изразена загриженоста за злоупотреба на моќта и овластувањата на FBI, додека го прислушувале од октомври 2016 година, Картер Пејџ, советникот на Доналд Трамп во текот на претседателската кампања, што претставува голем скандал како своевремено аферата „Вотергејт“.

Меморандумот на републиканците, исто така, откри дека во врвот на FBI имало пристрасност во истрага за поранешната државна секретарка и кандидатка на Демократската партија на претседателските избори во ноември 2016 година, Хилари Клинтон, покажуваат симпатии кон неа „на претседателските избори наспроти заканата од тимот на Трамп“.Клинтон е осомничена дека преку приватен сервер во нејзиниот дом во Њујорк и со приватната електронска пошта се користела при официјална комуникација во којашто, меѓу другото, имало и доверливи дипломатски и воени документи, додека беше шефица на дипломатијата на САД во периодот од 2009 до 2013 година. Според американските закони ваквите активности на функционери се казниви, а Хилари Клинтон е осомничена дека на овој начин ја поткопала националната безбедност и ги изложила тајните документи на лесен достап на странски служби.

Оттогаш демократите стравуваат ткн „меморандум Нунес“ не послужи за отпуштање на функционери на FBI и министерството за правда, што може да создаде пречки за специјалниот обвинител Роберт Мјулер. Тој ја води истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во ноември 2016 година, како и за евентуален дослух меѓу Москва и кампањата на Трамп која победи.