Трамп одлучи: Прва дама ќе биде ќерка му, а не сопругата

Доналд  Трамп се подготвува да расчисти со уште една традиција и во Белата куќа, како прва дама да ја внесе својата ќерка, Иванка Трамп, а не сопругата, Меланија Трамп.

Иванка ќе има активна улога во администрацијата на својот татко Доналд Трамп, па на себе ќе ја преземе одговорноста која инаку ѝ припаѓа на првата дама, пренесува „Си-ен-ен“.

Канцеларијата на првата дама на Америка ќе ѝ биде доделенa на Иванка (35), ќерката на Доналд Трамп (70).

Таа планира да се посвети на проблемите како глобалното затоплување, иако нејзиниот татко ги негира климатските промени.

– Сè уште нема одлука каква улога ќе ѝ припадне на Иванка – рекла, портпаролката на Трамп. Веста дека улогата на првата дама ќе ја преземе неговата ќерка дополнително ги поттикна озборувањата дека Меланија Трамп (46) не сака да биде прва дама, и дека била против тоа Трамп воопшто да се кандидира.

Меланија до крајот на училишната година ќе остане во Њујорк, каде што синот Барон (10) ќе се запише во приватно училиште.

Канцеларијата со Иванка ќе ја дели и нејзиниот сопруг, инвеститорот Џаред Кушнер (35), со кого има три деца. Кушнер му беше советник на Трамп во текот на неговата претседателска кампања, како и Иванка.

Според законот на САД, ниту еден друг државен службеник не смее да вработува или да ги промовира членовите на своето семејство. Но, законот Трамп би можел да го заобиколи ако Иванка и Џаред нема да ги плаќа за функцијата што ќе ја извршуваат, пренесува „Си-ен-ен“.