Трамп основаше тело за прочување на изборните измами

Американскиот претседател Доналд Трамп основаше комисија којашто ќе ги истражува изборните измами и спречување на гласање, соопшти Белата куќа.

Извршната наредба претседателот Доналд Трамп ја потпиша создавајќи двопартиска Претседателска советодавна комисија за чесни избори, со којашто ќе претседава потпретседателот Мајк Пенс, соопшти портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс.

Ваквиот потег предизвика лути реакции од страна на американските групи за граѓански права и од пратениците на Демократската партија, коишто тврдат дека наводно станува збор за тактика за спречување на гласањето.

Трамп, кој ја презема должноста на 20 јануари, тврдеше дека на изборите во ноември имало распространети изборни измами и неговиот штаб поднесе повеќе жалби. Во јануари изјави дека ќе бара истрага за измамите на изборите, иако постои консензус меѓу функционерите од сојузните држави и изборните струњаци дека тие се ретки во САД.

Челничката на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во писмената изјава наведува дека комисијата ќе им даде легитимитет на напорите на сојузните држави да се донесат дискриминирачки изборни закони.

Водачите на здруженијата за граѓански права, пак, соопштија дека споменатата комисија ќе го поттикне спречувањето на гласање, оправдувајќи ги новите пречки, како што е барањето да се поседуваат лични окументи при гласањето.

Комисијата нема да се ограничи на истрагата на тврдењата на кампањата на Трамп за изборната измама, туку ќе се занимава и со прашањата кои се поставуваат во јавноста со години наназад.

„Комисијата ќе ги разгледува политиките и практиките кои ја јакнат или ослабуваат довербата на американскиот народ во чесноста на сојузните избори и ќе му подготви на претседателот извештај кој ги утврдува системските проблеми“, додаде Хакаби Сандерс. Според неа, извештајот ќе биде составен до 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.