Трамп остро го нападна специјалниот обвинител

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше во неделата интегритетот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, поттикнувајќи ги пратениците од двете партии да го предупредат да не го сменува.

Два дена по смената на вториот човек на Федералното истражно биро (FBI), Ендрју Мекејб, кој е сменет откако е утврдено дека неовластено им откривал информации на медиумите и во многу прилики не кажувал вистина дури и под заклетва, американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави серија твитови во кои тврди дека е жртвата на „лов на вештерки“.

Поранешниот директор на FBI, Роберт Мјулер, ја води истрагата за наводниот договор меѓу претседателската кампања на Трамп со Русија, како и дали американскиот претседател ја попречувал правдата. Трамп ланскиот мај го разреши Коми, но именуваше специјален државен обвинител, Роберт Мјулер, за да се истражат сомневањата за ткн „руска вмешаност“. Со оваа истрага е опфатен најблискиот круг околу претседателот, а Трамп постојано порачува дека таа неоправдано го попречува неговото политичко дејствување. Сослушани се многу негови соработници и блиски лица, а четворица се обвинети за финансиски и други прекршоци, но не и за договарања со Русија.

Во неделата Трамп запраша зошто во екипата на Мјулер има 13 демократи и ниеден републиканец, истакнувајќи дека неодамна во тимот на специјалниот обвинител е примен уште еден демократ.

„Мисли ли некој дека тоа е праведно?“, напиша американскиот претседател дека „дослух немаше“. Смета, исто така, дека оваа истрага „ниту требаше да биде отворена“.

Неколку угледни републиканци, кои се противеа уште на претседателската номинација на Трамп, на ова одговорија дека истрагата треба да биде спроведена докрај. Меѓу нив е сенаторот на сојузната држава Јужна Каролина, Линдзи Греам, кој за телевизијата CNN изјави дека кога Трамп би одлучил да го смени Мјулер, тоа би било почеток на крајот на неговиот мандат во Белата куќа, истакнувајќи дека САД се „правна држава“.