Трамп планирал воен удар во Венецуела

Службеници од администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп тајно се сретнале со бунтовните офицери на армијата на Венецуела за да разговараат за соборувањето на претседателот Николас Мадуро, но на крајот се откажале од планот, пишува во саботата „Њујорк тајмс“.

Трамп со месеци наназад остро го осудува режимот на Мадуро, кој е се поизолиран на континентот и  кога се соочува со тешка економска криза, што доведе до масовен егзодус на жителите на Венецуела во соседните земји.

Весникот се потпира на неименувани американски претставници и поранешни венецуелански  воени претставници кои учествуваа во разговоритее, кои се случиле во текот на изминатата година, без да даде повеќе детали.

Ги осудуваме пред светот плановите за интервенција и поддршка на воениот заговор на американската влада против Венецуела. Во самите  американски медиуми се откриени нови докази, реагираше на Твитер венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза.

Коментирајќи го текстот во „Њујорк тајмс“, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Гарет Маркиз изјави дека „политичкото решение околу мирното и уредно враќање на демократијата во Венецуела останува за САД непроменето“.