Трамп по осми пат стана дедо, но ќе се разочара од името на внучето?

Американскиот бизнисмен и кандидат за претседател Доналд Трамп(70)  во неделата стана дедо по осми пат. Неговата ќерка од првиот брак, Иванка Трамп на свет донесе здравчо момченце, но има само еден проблем – дедото најверојатно нема да биде многу импресиониран од името на новото внуче.

Иванка (33) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер на својот трет наследник му дале име Теодор (Тед), па јавноста веднаш почна со коментарите дека Доналд нема да биде воодушевен од тоа што неговио внук ќе го носи името на неговиот главен политички противник на изборите, Тед Круз.

Иванка по породувањето со синот Теодор Џејмс, кој на свет дојде на католичкиот Велигден, објави фотографија на социјалните мрежи под која напиша „неверојатно благословени“.