Трамп: Поддршка на САД за политиката на „една Кина“

кина

Во соопштение се вели дека Трами и Си имале долг и срдечен разговор и дека американскиот претседател го поддржал барањето на кинескиот претседател за политика на „една Кина“.

Двајцата лидери истакнале дека по решавањето на прашањето за поддршка на политиката за „една Кина“ односите меѓу двете држави може да бидат подобрени.

Кинеските медиуми пренесоа дека Си ја поздравил поддршката од Трамп и нагласил дека „верува оти САД и Кина се кооперативни партнери и со меѓусебни напори може да ги покренат билатерални односи на на повисоко ниво“.