Трамп подготвен да се сретне со Ким, ако се исполнат условите и ќе му биде чест

( © AP Photo/Evan Vucci)

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да се сретне со младиот комунистички водач на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доколку се исполнат услови за тоа, потврдил Трамп во понеделникот додека ескалираат тензиите на Корејскиот полуостров.

„Доколку бидат исполнети условите, јас тоа ќе го сторам, апсолутно. Ќе ми претставува чест. Повторувам, условите мора да бидат исполнети. Но ќе го сторам тоа“, изјавил во својот вообичаен манир американскиот претседател Доналд Трамп во разговор за агенцијата Bloomberg без да дава појаснувања.

Агенцијата истакнува дека оваа изјава доаѓа во атмосфера на „зголемените тензии околу нуклеарната програма“ на Пјонгјанг“. Притоа забележува дека Ким Џонг-ун не се сретнал со ниеден странски челник и не патувал надвор од Северна Кореја по смртта на неговиот татко кого го наследи на чело на земјата.

„Повеќето луѓе кои се занимаваат со политика, никогаш тоа не би го рекле, но јас ви велам дека во соодветни услови би се сретнал се него. Ете, имате вест!“, рекол Трамп.

Американските медиуми забележуваат дека во едно од претходните интервјуа Трамп неочекувано ублажено зборувал за Ким Џонг-ун, кога кажа дека не е лесно што дошол на власт на многу млад веднаш по смртта на татко му.

Поточно во интервјуто за агенцијата Reuters од минатата седмица, запрашан дали го смета севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун за разумен политичар, Трамп одговори дека тргнува од претпоставката дека тоа тој е, забележувајќи дека Ким ја презема власта на рана возраст и дека има само 27 години и оти тоа е возраст во којашто не е лесно да се владее

Ситуацијата на Корејскиот полуостров е значително влошена последните месеци кога Пјонгјанг продолжува да ги изведува забранетите балистички и нуклеарни тестирања, и предупредувањата на американскиот претседател дека и е подготвен сам и со сила ако треба да го реши севернокорејскиот проблем.

Северна Кореја во понеделникот најави дека е подготвена „во кој и да е момент“ да изведе шест нуклеарни тестирања. Досега од 2006 година има изведени пет нуклеарни проби, од кои две во 2016 година, во времето на власта на Ким Џонг –ун.

Странските стручњаци се согласни дека најизолираната земја на светот остварила напредок во настојувањата да се приближи на својата цел – градење нуклеарни интерконтинентални ракети коишто ќе можат да гаѓаа цели и на американска територија.