Трамп полни 72 години

Американскиот претседател Доналд Трамо, кој беше највозрасниот кандидат избран првпат во Белата куќа, во четвртокот полни 72 години.

Со 70 години Доналд Трамп во 2016 година беше највозрасната личност којашто по првпат била избрана за претседател на САД. Роналд Рега имаше 73 години кога беше избран во 1984 година, но тоа му беше вториот претседателски мандат.

Белата куќа не објави на кој начин претседателот ќе го одбележи роденденот, меѓутоа медиумите забележуваат дека неговата програма за во четврток не укажува на никакво јавен настан.

Роденденската торта Трамп инаку ја доби во понеделникот, ден пред неговиот историски самит со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун. Со тортата го изненади сингапурскиот премиер Ли Ксјен Лун, а фотографијата со роденденот и објавата „Го славиме роденденот, малку порано“ беше објавена на Twitter.