Трамп порача дека меморандумот на демократите е многу политички

Меморандумот со ознаката за доверливост кој го составиле пратениците на Демократската партија во американскиот Конгрес како одговор на истиот документ на Републиканската партија објавен минатата седмица е „многу политички и долг“ и од него треба да се отстранат чувствителните податоци пред објавувањето, напиша претседателот Доналд Трамп во саботата на својот микроблог на Twitter.

Американскиот претседател Доналд Трамп не го декласифицираше меморандумот на демократите кој треба да биде своевиден одговор на републиканскиот објавен минатата седмица. Тој ги погоди демократите со наодите дека Федералното биро за истраги (FBI) било пристрасно во поглед на истрагата за злоупотребите од страна на кандидатката за претседател на САД на Демократската партија, Хилари Клинтон, за нејзиното прекршување на законот и неовластено користење на приватен сервер и приватна електронска адреса за доверлива службена комуникација во периодот од 2009 до 2013 година кога беше државна секретарка.

Освен тоа, републиканскиот меморандум, отвора многу непријатно а прашање за скандал во врска со прислушувањето на изборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат во 2016 година Доналд Трамп, во периодот на администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама, во врска со истрагата за наводниот дослух на кампањата на сегашниот претседател Трамп и Русија

„Демократите испратија многу политичен и долг меморандум за кој знаат, поради изворите и методите (и други работи), дека треба темелно да биде ‘прочешлан’, па може да ја обвинат Белата куќа за недостиг од транспарентност. Им реков повторно да го напишат во прифатлива форма“, напиша американскиот претседател.

Неговата одлука да не го дозволи објавувањето на меморандумот ги налути демократите кои тврдат дека тоа ги покажува „двојните стандарди“ околу транспарентноста на републиканскиот претседател Трамп на 2-ри февруари го одобри објавувањето на меморандумот на членовите на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот од редовите на партијата којашто го кандидираше на претседателските избори

Демократите тврдат дека тој документ наводно погрешно ги толкувал тајните информации и дека неговата намера е да се дискредитира истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводната соработка на Москва со кампањата на Трамп во 2016 година.