Трамп порача дека реформата на социјалната грижа мора да почека

Американскиот претседател Доналд Трамп и челниците на републиканците во Конгресот по разговорите во саботата најавија дека ова година ќе истраат на реформата имиграциската политика и издвојување за инфраструктурата, за што реформата на системот на социјалнта грижа мора да почека.

Претседателот Доналд Трамп, челникот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел, претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, и другите водечки републиканци на дводневните разговори подготвија план за законодавни иницијативи во годината во којашто на изборите во ноември ќе се обидат да го зачуваат мнозинството во Конгресот.

По разговорите, Трамп за новинарите изјави дека годинава планира активно да учествува во кампањите на републиканските кандидати.

„Тие сакаат да бидам вклучен, и тоа многу вклучен. Мораме да имаме повеќе републиканци… Така што ќе работам за сегашните пратеници и за сите други коишто размислуваат како и јас“, изјави Трамп во врска со дискусиите со републиканските челници.

Партијата којашто ја има Белата куќа вообичаено ги губи пратениците на првите избори за Конгресот по претседателските избори.

Трамп и челниците на партијата се наоѓаат пред крајниот рок на 19-ти јануари да усвојат закон со којшто би ја спречиле блокадата на владата. Белата куќа соопшти дека нејзини идни приоритети планот за вложување во патиштата, мостовите и другата инфраструктура. Републиканците, исто така, сакаат да постигнат договор за имиграциската политика, вклучително и прашањето на заштитата на стотици илјади млади кои како деца илегално се доведени во САД.

Реформата на социјалната грижа, којашто беше приоритет за Рајан и другите републиканци, се чини излезе од листата со цели на Трамп за оваа година. Рече дека „тоа се разгледува“, но дека цел е да се постигне двопартиски договор за реформите. Доколку тоа не е возможно, тоа би можело да биде оставено за подоцнежниот период, додаде.

Трамп, исто таа, рече дека сака договор за реформите на имиграциската политика, но двете партии за тоа прашање се многу оддалечени. Демократите не сакаат да се финансира ѕидот на границата со Мексико кој беше едно од изборните ветувања на Трамп, а републиканците сакаат каков и да е договор за децата на илегалните имигранти вклучително и јакнењето на безбедноста на границите.