Свет

Се смируваат ли тензиите на корејскиот полуостров Трамп: Моето нуклеарно копче е поголемо од севернокорејското

Трамп: Моето нуклеарно копче е поголемо од севернокорејското

Американскиот претседател Доналд Трамп, исмевајќи ја објавата на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун дека има нуклеарно копче, порача во вторникот дека неговото нуклеарно копче е „поголемо и помоќно“, а дека покрај тоа „и работи“, а истовремено Пјонгјанг најави повторно воспоставување на „црвениот телефон“ со Сеул.

„Ќе сака ли некој од неговиот осиромашен и изгладнет режим да го извести дека и јас имам нуклеарно копче, но многу поголемо и многу помоќно од неговото и дека моето копче работи“, напиша на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.

Севереникорејскиот водач Ким Џонг-ун, правејќи простор за обновување на разговорите за учество на неговата земја на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Јужна Кореја во февруари, истовремено силно предупреди дека ќе продолжи со масовното производство на нуклеарни боеви глави и покрај санкциите од Обединетите нации. Во понеделникот во новогодишното обраќање до нацијата порача дека „додека му подава рака на Сеул, атомското копче секогаш му е на дофат на рацете“.

Неговото обраќање следеше по силното зголемување на бројот на пробните лансирања на проектили во 2017 година, како и шестиот и досега најсилен нуклеарен тест, за кој Пјонгјанг тврдеше дека е успешна проба на хидрогенска бомба. Токаш Ким, кој претходно објави дека Северна Кореја станала нуклеарна сила, вети дека ќе развие оружје за „воздржување на САД“ коешто ќе може да ја достигне американската територија, и притоа порача дека има нуклеарно копче на својата маса.

Ким му подава рака на Југот

Неколку часа по твитот на Трамп, Пјонгјанг објави дека во 7,30 часот по средноевропско време повторно се воспоставува комуникациската врска со Јужна Кореја, ден откако Сеул предложи воспоставување на дијалогот како одговор на повиците на Ким Џонг-ун за унапредување на билатералните врски.

Северникорејскиот лидер притоа го пофалил Сеул за поддршката којашто му ја дал на неговиот мировен предлог, според јужнокорејски извори, рекол Ри Сон-гвон, претседател на Севернокорејскиот комитет за мирно обединување на Кореја (CRPC) во изјава дадена на севернокорејската државна телевизија.

На помирливите предлози од Пјонгјанг, Сеул возврати со предлог за организирање преговори на високо ниво коишто би се одржале на 9-ти јануари воПунминџо, погранично село каде што е потпишано примирјето во текот на Корејската војна во периодот од 1950 до 1953 година, но не и мировен договор, со што двете земји технички сѐ уште се во војна.

Според јужнокорејскиот министер Чо Мјонуг-гјон, станува збор за средба на којашто би се разговарало за учеството на Северна Кореја на зимските олимписки игри во февруари во јужнокорејски Пјеонгчанг, као и за „други прашања од меѓусебен интерес поради унапредувањето на врските меѓу двете Кореи“.

Службените севернокорејски медиуми „објавија дека Северот повторно ќе ја отвори комуникациската врска со Југот денеска во 15,30 часот“, или во 7,30 часот по средноевропско време, изјавил за AFP портпаролот на министерството за обединување во Сеул.

„Според одлуката на водството, ќе воспоставиме директна врска со Јужна Кореја на искрен и чесен начин“, рекол Ри, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Директната телефонска линија меѓу двете Кореи беше прекината во февруари 2016 година од страна на Пјонгјанг, како одмазда за затворањето на пограничната фабрика со којашто заеднички управуваа двете земји.

САД се сомневаат во меѓукорејски дијалог

Вашингтон, пак, изрази сомневање дека е можно воспоставување дијалог меѓу Сеул и Пјонгјанг.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, оцени дека станува збор за обично „замачкување на очите“. Портпаролката на Стејт департментот , Хетер Науер, пак, рече дека со ова Пјонгјанг можеби сака да „посее раздор“ меѓу Сеул и Вашингтон.

Хејли рече дека Вашингтон не може да ги земе за сериозни меѓукорејските преговори „сѐ додека не се стори нешто за да забрани целото нуклеарно оружје во Северна Кореја“.

Истовремено го предупреди Пјонгјанг да не презема нови тестирања на балистички проектили, за чиишто најави известуваат американските медиуми повикувајќи се на експерти, и воедно потврди дека Вашингтон има сознанија дела Северна Кореја има намера тоа да го спроведе во скоро време.