Трамп потпиша меморандум за истрага за кинески кражби на интелектуална сопственост

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша претседателскиот меморандум со кој се одобрува истрагата за наводно кинеско крадење на американска интелектуална сопственост, оценувајќи дека станува збор за „важна одлука“.

Во Белата куќа претседателот Доналд Трамп ги потпишал меморандумот со кој од американскиот претставник за трговија Роберт Лајтизер бара да утврди дали треба да се истражува кинеската трговска практика која ги принудува американските компании кои работата во Кина да ја отстапат интелектуалната сопственост.ит

„Интелектуалната сопственост е животно важна за нашата сигурност и за нашиот напредок. Ќе ги штитиме нашите работници, нашите иновации, производи и откритија кои се моторот на нашата прекрасна земја“, истакнува Трамп.

Челниците на американската администрација во саботата, барајќи да останат анонимни, ја обвинија Кина за „кражба“ на американските технолошки тајни.

Кинеската политика на принудување на странските компании да ја отстапат технологијата на кинеските партнери во заедничките вложувања на огромниот кинески пазар и пропустите во прогоните по обвинувањата за кражби на интелектуална сопственост, е долгогодишен проблем на неколку американски администрации.

Официјален Пекинг во понеделникот, и пред потпишувањето на споменатиот меморандум од страна на американскиот претседател , реагираше предупредувајќи на опасноста од „трговска војна“ со САД.

„Трговската војна нема иднина. По неа никој нема да излезе како победник, во неа сите се губитници“, истакна портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунијинг.

САД се вториот трговски партнер на Кина по Европската унија, меѓутоа меѓу двете сили сѐ почести се спротиставувања.