четврток, 23 февруари 2017  |  Вести денес: 51

Трамп потпиша указ за изградба на ѕид долж границата со Мексико

Локалните претставници во Сан Франциско, најчесто демократи, одбиваат да соработуваат со сојузните службеници во акциите против илегалните мигранти.

133534443

Последни вести

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша укази за изградба на ѕид долж границата со Мексико, долг 3.200 километри и за вршење на рации во градовите кои ги штитат илегалните мигранти.

Локалните претставници во Сан Франциско, најчесто демократи, одбиваат да соработуваат со сојузните службеници во акциите против илегалните мигранти.

Се очекува Трамп да преземе чекори со кои би се ограничила илегалната миграција, вклучително извршните наредби со кои ќе се редуцира бројот на бегалци и блокирање на издавање на визи на граѓаните од неколку муслимански блискоисточни држави и од северна Африка. Меѓу тие држави се Сирија, Судан, Сомалија, Иран, Ирак, Либија и Јемен.

Најчитани вести