Трамп поттикнува на измена на сенатските правила додека блокадата на владата велзгува во вториот ден

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека доколку продолжи блокирањето на сојузните владини агенции и служби, републиканците би требало да финансираат со промена на правилата во Сенатот, коишто засега бараат ткн „супермнозинство“ за да се усвои закон, но водечките републиканци ја отфрлија оваа идеја.

Американскиот Претставнички дом донесе во четвртокот доцна ноќта предлог закон за привремено финансирање на сојузната влада до 16-ти февруари, со 230 гласови „за“ и 197 „против“, но предлогот потоа пропадна во Сенатот кои имаше рок до полноќ за да се избегне делумна блокада на сојузните служби. Сенатот има републиканско мнозинство од 51 мандат, но за да мине предлог закон потребно е да се соберат гласови од 60 од 100-те сенатори.

Преговорите меѓу водачот на сенатското републиканско мнозинство Мич Мекконел и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер не успеаја, а американската влада техничко од полноќ во саботата по локално време остана без финансирање.

Републиканците и демократите меѓусебно се обвинуваат за неуспехот во постигнувањето договор, а демократите ги обвинува и претседателот Доналд Трамп. Демократите прифаќањето на законот го условија со вбројување во него и на заштитата на илегалните имигранти кои дошле во САД како деца а коишто ги има околу 3,6 милиони, а од кои се прифатени 800.000 со програмата DACA од периодот не претходниот претседател Барак Обама и чијашто важност истекува во март.

„Демократите само сакаат илегалните имигранти да влегуваат во нашата земја непроверено. Доколку блокадата продолжи, републиканците би требало да одат на 51 отсто (ткн нуклеарна опција) и да гласаат за стварен долгорочен буџет“, напиша Трамп на Twitter.

Речиси истовремено неговиот предлог го отфрли челникот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел. Републиканските сенатори се противат на промените на правилата во Сенатот за да законот за финансирање со што би завршила блокадата би можел да мине со просто мнозинство, рече Мекконел.

Сегашните процедурални правила бараат супермнозинство од три петтини од мандатите во Сенатот,вообичаено 60 гласови од 100,м з ада се отстранат процедуралните пречки и за да мине законот.

Сенатот ќе гласа во понеделник за законот за финансирање на владата до 8-ми февруари, освен доколку демократите не се согласат да се одржи порано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.