Трамп повикува на депортирање на илегалните имигранти без случаи пред судовите

Американскиот претседател Доналд Трамп повика во неделата дека луѓето кои илегално влегуваат во САД треба веднаш да бидат вратени од таму од каде што дошле без правен процес, споредувајќи ги со освојувачи кои се обидуваат „да провалат “ во земјата.

„Не можеме да им дозволиме на сите тие луѓе да направат инвазија врз нашата земја. Кога некој ќе влезе во неа, без судии и судски случаи, да се вратат од каде што дошле. Не можеме да ги прифатиме сите луѓе коишто упаѓаат во нашата држава. Силни граници, без криминал!“, напиша на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.

Засега не е познато дали со оваа објава американскиот претседател заговара проширување на актуелниот закон за забрзано враќање на илегалните имигранти на американската граница, мерка којашто неговата влада ја прифати откако дојде на власт.

Критичарите веднаш реагираа дека Трамп во објавата не направил разлика меѓу илегалните имигранти и луѓето кои во САД влегле да бараат азил, а Белта куќа сѐ уште не се изјаснила по ова прашање. Тврдат и дека ваквиот предлог би го прекршил принципот на правична постапка на американскиот устав за кој Врховниот суд се изјави дека се однесува и на недржавјаните.

„Претседателот на САД насилно предложи крај на политичкиот азил и правичната постапка за имигрантите“, напиша на микроблогот Шерилин Ифил, претседателка на фондацијата за правна заштита NAACP, американска организација за човекови права којашто историски е формирана за борбата за правата на црнците. Ли Гелернт, заменик на директорот на проектот за правата на имигрантите на организацијата за човекови права ACLU, изјави дека „владата не може толку едноставно да ги репи сите процеси за имигрантите“.

Според американскиот закон, имигрант може да биде депортиран без процес доколку е уапсен 160 километри во американската територија и доколку во државата е помалку од 14 дена, а оние коишто бараат азил имаат право на сослушување. Според постапката за забрзано оддалечување (депортирање), која се користи вообичаено на местата на влегување, имиграцискиот службеник може да го оцени барањето на имигрантот и да го одбие без учество на имиграциски судија или апелациони совети.