Трамп повикува на смиреност по одлуката за Ерусалим

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на „смиреност и умереност“ по ефектуирањето на одлуката Ерусалим да биде признаен за главен град на Израел, која предизвика протести и насилство во регионот во коешто загинаа две лица, а повеќе од 750 се повредени.

„Претседателот повика на смиреност и умереност и ние се надеваме дека гласовите на толеранција ќе надвладеат над поттикнувачите на омразата“, изјави портпаролот на Белата куќа, Раџ Шан, за новинарите кои во претседателскиот авион „Air Force One“ ги придружуваа Доналд Трамп на собир во рамките на локална кампања на Флорида.

На прашањето дали претседателот Трамп бил предупреден дека одлуката може да предизвика насилство, портпаролот рекол дека претседателот „потполно беше свесен за потенцијалните последици“.

Трамп останува „приврзан постигнување траен мировен договор меѓу Израелците и Палестинците“, изјавил портпаролот на Белата куќа.