Трамп пристигна во Ријад, почетната станица на неговата прва турнеја во странство

Stephen Crowley/The New York Times

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во саботата во саудиската престолнина Ријад, неговата прва станици на првата турнеја во странство, оставајќи ги зад себе во САД скандалите околу неговото наводно влијаени во можната поврзаност на некои членови од неговиот изборен штаб со Русија.

Претседателскиот авион „Air Force One“ слета на аеродромот „Крал Халед“во Ријад, каде што американскиот претседател Доналд Трамп беше пречекан според протоколот на црвен тепих.

Подоцна попладнето во саботата според локално време, Трамп треба да разговара со кралот Салман и водечките личност на саудиската монархија.

Се очекува дека американскиот претседател во Саудиска Арабија ќе склучи голем договор за продажба на американско оружје, а во неделата пред педесетина муслимански челници со коишто ќе се сретне ќе ги повика на борба против екстремизмот би требало да одржи говор во којшто, според најавите од Белата куќа, ќе изрази надежи во мировната мисија на исламот.

Функционери од администрацијата на Трамп изјавија дека сакаат да ги искористат средбите за да создадат „обединета, силна противтежа“ на влијанието на Иран во регионот.

По Ријад, Трамп ќе ги посети Израел, палестинските територии на Западниот брег, Ватикан, Брисел и Сицилија, каде што ќе учествува на самитите на НАТО и на групата најразвиени земји Г7.

Предвидено е американскиот претседател да мине повеќе од 25.000 километри во намерите повторно да го воспостави американското водство, да ги изгради врските со клучните лидери и да го потврди единството меѓу трите најголеми светски региони, според најавите од Белата куќа.

Трамп на своето прво патување надвор од САД треба да го демонстрира американското лидерство во светото, иако неговиот надворешно политички тим уште не е целосно именуван и администрацијата работи на неговите ставови за клучните прашања, вклучително и за стратегијата во борбата против џихадистичката организација Исламска држава и одлуката дали САД ќе останат во Парискиот климатски договор.