Трамп пристигна во Вашингтон, утре на пладне ќе положи заклетва

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Вашингтон, каде утре ќе положи заклетва како 45. претседател на САД.

Трамп вчера беше во Вашингтон заради настани поврзани со неговата инаугурација, но потоа се врати во Њујорк.

Тој утре ќе положи заклетна на пладне по локално време, по што ќе се пресели во Белата куќа.

Милијардерот, кој има 20 милиони следбеници на Твитер слета во воената база „Ендрјус“ со авион од претседателската флота.

Неговото пристигнување беше емитувано од американските телевизии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.