Трамп: Русија, ЕУ и Кина се нашите непријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во неделата, во разговорот за американската телевизиска мрежа CBS News објавен во пресрет на неговиот прв билатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин, дека Русија, Европската унија и Кина од различни причини со „непријатели“ на САД.

„Мислам дека имаме многу непријатели. Мислам дека Европската унија е непријател поради тоа што ни го направија во сферата на трговијата. Русија е непријател од разни гледишта. Кина е економски непријател. Но тоа не значи дека тие се лоши. Тоа ништо не значи. Тоа значи дека се конкурентни“, рече Трамп, одговарајќи на прашањето кој во овој момент е најголем непријател на САД.

Набројувајќи ги непријателите, Трамп додаде „Имам голем проблем со Германија“, а како причина го наведе договорот за гасоводот Северен тек 2 кој Берлин го постигна со Москва. Трамп притоа запраша дали поради овој договор Германија „ѝ мавта со бело знаме“ на Русија.

„Многу гнев има околу фактот дека Германија ѝ плаќа на Русија милијарди долари… Мислам, исто така, дека тоа е лоша работа за Германија. Што, зарем тие на мавтаат со бело знаме?“, запраша американскиот претседател.

Ваквите опсервации на Трамп се надоврзуваат на веќе постојните тензии меѓу САД и нивните традиционални сојузници, коишто се покажаа во текот на изминатата седмица на самитот на НАТО, со загриженоста дека Вашингтон со своите ставови ја слабее Алијансата во пресрет на средбата на Трамп со Путин во Хелсинки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.