Трамп: САД да ги зајакнат своите нуклеарни капацитети

капацитети

Потребно е САД во голема мера да ги зајакнат и прошират своите нуклеарни капацитети се додека светот не се вразуми во врска со нуклеарното оружје, напиша Трамп на својот налог Твитер.

Ваквата порака на Траму уследи откако рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди во 2017 година да се засили ударната нуклеарна моќ на Руската Федерација со ракети способни да го пробијат секој противракетен штит, како оној што Вашингтон планира да го распореди во Источна Европа.

Како што јави ТАСС, на колегиум во руското Министерство за одбрана, Путин, кој е и врховниот командант на Вооружените сили на Русија, инсистирал војската да се фокусира на клучните задачи што стојат пред земјата, .

Треба да се зацврсти борбениот потенцијал на стратегиските нуклеарни сили, а на прво место со ракетни комплекси способни гарантирано да ги пробиваат постојните и идните системи за противракетна одбрана, потенцира Путин.