Трамп се надева да ја избегне воената опција за Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека би ја избегнал воената опција како одговор на нуклеарните закани од Северна Кореја, но дека претходните дипломатски напори не успеале да го спречат Пјонгјанг да ги развие своите проектили.

„Воената акција бездруго е една од опциите. Дали е неизбежна? Ништо не е неизбежно“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференцијата.

„Попрво не би ја користел воената опција. Доколку тргнеме со воена опција на Северна Кореја, тоа ќе биде многу тажен ден за Северна Кореја“, додаде Трамп.

Притисокот на Вашингтон зајакна откако Северна Кореја во неделата го изведе шестиот и најголем нуклеарен тест досега, за што Пјонгјанг тврди дека била успешна проба на хидрогенска бомба, којашто Јапонија проценува дека била повеќе од десет пати помоќна од атомската бомба што во август 1945 година САД ја фрлија врз јапонскиот град Хирошима од која загинаа 140.000 луѓе.

Оваа проба, заедно со низата ракетни лансирања, покажа дека Пјонгјанг е близу исполнување на целта за развој на моќно нуклеарно оружје кое ќе може да биде сместено во боева глава на интерконтиненталните балистички проектили коишто ќе достигнат цел на територијата на САД.

САД сакаат Советот за безбедност при Обединетите нации да наметен нафтено ембарго на Северна Кореја, да го забрани извозот на текстил вработувањето работници од СЕвена Кореја во странство, како и да го замрзне имотот на севернокорејскиот челник Ки Џонг-ун и да му забрани патувања во странство.

Со нови санкции се согласува и Кина, главниот сојузник на Северна Кореја, но смета дека треба и да се продолжи да се поддржува дијалогот за да се реши кризата и да се денуклеаризиа Корејскиот полуостров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.