Трамп се потсмева со глобалното затоплување

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „доброто старо глобално затоплување“ би требало да ги подобри условите за Американците на истокот од земјата кои во моментов се соочуваат со екстремните студови.

„На истокот би можело да се случи НАЈСТУДЕНАТА Нова година некогаш забележана. Можеби би можело малку да се искористи старото добро глобално загревање за коешто нашата, но не и другите држави, имаа намера да платат билијарди долари да се заштитат. Облечете се топло!“, напиша Трамп/

Американскиот претседател претходно за глобалното затоплување велеше дека овој феоен воопшто не постои, тврдејќи дека тоа е теорија којашто ја Кина ја измислила за да го направи американското стопанство некомпетитивно. Во јуни најави дека ќе ги повлече САД од Парискиот климатски договор, но додаде дека е отворен да разгледа „праведен“ договор.

Неговиот коментар од четвртокот е реакција на рекордно ниските температуриј кои погодија делови од САД во пресрет на новогодишната ноќ.